Top Sport

Детали го делат Дибала од Интер

Паоло Дибала ја прифатил понудата на Интер. Неговиот менаџер треба да договори уште некои детали, по што „Ла Хоја“, ќе потпише четири годишен договор со клубот од Милано. Во Интер тој доаѓа како слободен играч, откако му истече договорот со Јувентус.

Интересно, Дибала и неговиот менаџер ја прифатиле понудата на Интер и покрај тоа што Јувентус му понудиле поголема плата. Клучно е што Интер, за разлика од Јувентус му понудиле договор до јуни 2026 година. Аргентинецот, ја одбил седум милиони евра на годишно ниво, плус одредени бонуси.

Дибала во Интер ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона.

Scroll to Top