Детали го делат Украинецот Олександар Зинченко од трансфер во Арсенал. Клубот од северен Лондон и Манчестер Сити постигнале договор околу трансферот на украинскиот репрезентативец. За да се пресели во Арсенал, Украинецот треба да го договори личните услови.
Арсенал за Зинченко ќе издвои 30 милиони фунти, што е некаде околу 35 милиони евра.
25-годишниот Украинец е во Сити од 2016 година, претходно играше во рускиот клуб Уфа. После тоа извесно време мина на позајмица во ПСВ, а подоцна се врати во тимот и Манчестер.
Првиот натпревар во Премиер лигата го одигра на крајот на 2017 година.
За Сити одигра вкупно 128 натпревари и постигна два гола.