Top Sport

Детали од инцидентот: Лирој Сане го навредил Мане на теренот, па тој физички го нападнал во соблекувалната

Немирот во тимот на Баерн Минхен трае веќе некое време, а страстите се разгореа по пораз (3:0) од Манчестер Сити во првиот четвртфинален меч од ЛШ. Секојдневно се појавуваат нови скандали и соблекувалната на баварскиот гигант е како темпирана бомба. Сето тоа се одразува на теренот.

Последниот во низата скандали се случи во вторникот вечерта, а во фокусот се Садио Мане и Лирој Сане. По несогласувањата на теренот, се случила физичка пресметка во гостинската соблекувална на „Етихад“.

За сѐ беше обвинет сенегалскиот фудбалер кој прв го удрил Германецот, но, сепак, германските медиуми откриваат дека и Лирој Сане има сериозна вина.

Тој прв го навредил Садио Мане на теренот по едно недоразбирање и погрешно додадавање во текот на натпреварот.

Scroll to Top