Top Sport

Дете ги репризира головите на Марадона, Роналдо, Ван Перси (Видео)

„Божјата рака“ на Марадона, неверојатниот лет на Ван Перси, дриблингот на оригиналниот Роналдо од финалето на Купот на УЕФА, голот на Тоти против Интер се познати голови во светот на фудбалот. Синот на поранешниот фудбалер Шенон О’Хенлон во дворот на семејната куќа ги репризирал овое голови.

О’Хенлон ги снимал потезите на својот син, направил компилација и ги објавил на „Ју тјуб“. Репродукцијата на голот на Тоти од 2005 година го објави и Рома на својот „Твитер“ профил.

Инаку Шенон О’Хенлон е продукт на академијата на Евертон, но за две години како дел од првиот тим (2002-2004) не добил шанса да дебитира за „карамелите“.

Кариерата ја градел во подолните нивоа на англискиот фудбал (Свиндон, МК Донс, Стокпорт). Една сезона минал и во Шкотска, во Хибернијан.

Scroll to Top