Top Sport

„Не смее титулата да им се подари на Ајакс“

Луј Ван Гал смета дека на Ајакс не треба да му се додели титулата доколку Сојузот реши да ја прекине сезоната во Ередивизијата. Тој смета дека челниците на Ајакс, на чело со директорот Марк Овермарс сакаат да ја искористат ситуацијата со коронавирусот и да ја земат титулата пред да заврши првенството.

Ајакс по 25 одиграни натпревари се наоѓа на првото место на табелата. Ист број на поени има и АЗ Алкмар. Ајакс е лидер поради гол-разликата, иако двете средби во првенството им припаднаа на фудбалерите од Алкмар. (1:0, 2:0).

„Кога ќе биде добиена битката со коронавирусот првенството мора да биде завршено. Спортот се игра поради тоа, да се добие конечниот победник. Не можат да се одиграат 25 кола и некој да реше „Ајакс е шампион“. Токму тоа Ајакс го сака. Тие сакаат да ја искористат кризата за да им биде подарена титулата. Наводно се грижат за здравјето на граѓаните. Не ми се допаѓа таквото однесување“, рекол Ван Гал кој во кариерата ги предводел и Ајакс и АЗ Алкмар.

За потсетување, неодамна директорот на Ајакс Марк Овермарс побара од Фудбалскиот сојуз на Холандија биде ставен крај на сезоната, а постоечкиот пласман на табелата да биде конечен.

Scroll to Top