Top Sport

Деулофеу: Барса не ме сакаат назад, а и јас не сакам таму

Жерард Деулофеу не беше задоволен што неговото име не беше на маичките со кои Барселона ја славеше двојната титула, но сега вели дека не би сакал враќање на „Ноу Камп“ ова лето, бидејќи „таму не ме сакаат“.

24-годишниот Деулофеу моментално е позајмен играч во Ватфорд во Премиер лигата, и во интервју за локалното каталонско радио „РАЦ1“ јасно го кажа ставот за својот матичен клуб.

„Нема апсолутно никаква шанса да се вратам во Барселона. Тие не ме сакаат, а и јас не сакам назад. Имам уште една година во договорот, но очекувам ова лето да бидам продаден. Нема да има нова позајмица, мора да ме продадат“, вели Деулофеу.

Неговата кариера во Барселона стана неизвесна откако Ернесто Валверде стана тренер на клубот, и тој добиваше сè помалку шанси да покаже што умее. Деулофеу признава дека му пречело што го немало неговото име на маичките за прослава.

„Секако дека ми пречеше. Играв во Ла лига, во Копа дел Реј и во Лигата на шампионите за Барселона оваа сезона. Го дадов мојот максимум и мислам дека тие титули се и мои“, додава Каталонецот.

Фото: ЕПА

Барса го заборавија – Деулофеу: Титулата е и моја, нели?

Scroll to Top