Top Sport

Договор за меч Џошуа-Валјдер, сега или никогаш?

Еди Херн, промотерот на британскиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, вели дека има само уште две-три недели рок да се организира мега-мечот за обединување на титулите со Американецот Дионтеј Вајлдер.

Херн замина во САД да преговара со луѓето на „Бронзениот бомбардер“ за да се добие првиот апсолутен шампион во тешка категорија по Ленокс Луис, но и покрај ветувањата на Вајлдер за меч од 50 милиони долари во САД, Херн вели дека нема договор.

„Имаме уште две-три недели да го решиме тоа. Следната недела повтнро ќе одам во Њујорк и ќе видиме дали ќе продолжиме со разговорите. Не можеме да ја прифатиме нивната понуда додека не одговорат на неколку прашања, како датумот и локацијата за мечот. Ако е во Англија, тогаш најверојатно ќе го прифатиме. Исто така, дали ќе има ри-меч, кој ќе го контролира тоа? Ако имаат одговор на тоа, тогаш најверојатно ќе имаме меч“, изјави Херн.

ВБА, ИБФ и ИБО шампионот Џошуа го победи на поени Новозеланѓанецот Џозеф Паркер во март за да ја освои и ВБО титулата, и може да боксува со првиот предизвикувач на ВБА федерацијата, Русинот Александер Поветкин доколку не се договори со Вајлдер. За Вајлдер пак, најверојатен следен противник е Доминик Бризил, откако во последниот меч го нокаутираше Луис Ортиз во 10. рунда.

Scroll to Top