Судот за арбитража во спортот (ЦАС) ги објави документите околу случајот на двегодишната суспензија на Манчестер сити од европските натпреварувања, во кои се открива дека дури девет англиски клубови се обиделе да ги исклучат „граѓаните“ од Лигата на шампионите.
УЕФА му додели казна од две години и 30 милиони евра, пред минатиот месец ЦАС да одлучи да се тргне казната и финансиската казна да се намали на само 10 милиони евра.
ЦАС објави документ од 92 страници во кое ги објаснува причините за кревањето на казната, во кое се открива дека дури девет англиски клубови се обиделе да го убедат ЦАС да остане суспензијата. Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем, Барнли, Вулверхемптон, Њукасл и Лестер пратиле писмо до судот со тврдење дека Сити покажуваат „јасно прекршување“ на правилата за финансиски ферплеј.
ЦАС ги отфрли главните обвинувања против тимот на Пеп Гвардиола, но ја заддржаа финансиската казна поради одбивањето на соработување со УЕФА.