Поранешниот потпретседател на ФИФА, Хуан Анхел Напут, поради корупција и рекетирање е осуден на девет годишна затворска казна. Напут е е ден д функционерите на ФИФА што беа обвинети по акцијата во која беа разоткриени неколку скандали во врвот на Меѓународната фудбалска федерација.
Во пресудата на судот во Њујорк се наведува дека Напут е осуден на затворска казна во време траење од девет години и дека ќе мора да плати парична казна во износ од 4,3 милиони долари.
Претходно четири години затвор доби поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Бразил, Хозе Марија Марин.
Марин исто така е осуден поради рекетирање и корупција и за примање поткуп за продажбата на телевизиските права за разни фудбалски турнири, вклучувајќи ја и Копа Америка.