Top Sport

Девет гола,три црвени картони и прекин од 25 минути

Генгамп го победи Мец со 6:3 во осмото коло од втората француска лига. Покрај деветте гола, на натпреварот беа забележани и три исклучувања, пет жолти картони и прекин од 25 минути поради нереди на трибините.

Мец одлично влегоа во натпреварот, поведоа во втората минута со автоголот на Винсент Мансо.

Сепак, пет минути подоцна Џереми Ливолант израмни од пенал. Нов гол беше постигнат во десеттата минута кога Абли Жалоу погоди за 2:1, а во 16.минута гамбискиот напаѓач го постигна третиот гол за Мец. По четирите гола во првите 16 минути се чинеше дека домашните лесно ќе ги освојат бодовите, но потоа започна серија неверојатни глупости на играчите на Мец.

Во 31. минута домашниот стопер Кики Кујате доби жолт картон, а потоа фрли нешто кон судијата и поради тоа беше исклучен од игра. Генгамп со играч повеќе во 45. минута намали на 3:2, а голот го постигна Стивен Кумпер.

Само две минути подоцна црвен картон доби и домашниот голман Александре Оукиџа. Гаетан Куртет беше сигурен од белата точка за 3:3.

Во 56. минута домашните останаа без трет играч. Поради крајно груб и опасен старт, Жан Жак Данли доби црвен картон.

Натпреварот набрзо беше прекинат. Судијата Пјер Гејлост ја прекина играта и ги испрати тимовите во соблекувалните. На почетокот не беше јасно што се случило, но подоцна беше откриено дека еден навивач се качил на оградата и му се заканувал на судијата.

Паузата траеше 25 минути, по што играта продолжи со 11 до осум играчи. Генгамп ја искористи големата бројчана предност на теренот постигнувајќи уште три гола до крајот на натпреварот, а стрелци беа Дилан Луизер во 69. минута, Ворен Тимбембе во 85. минута и Џереми Ливолант во 88. минута.

Со оваа победа Генгамп се искачи на шестото место со 13 бодови, три помалку од лидерот Соксо. Мец е осми со 11 бодови.

Scroll to Top