Top Sport

Девет кандидати за Супер купот во 2020 година

Девет града се кандидираа за организирање на Супер купот на УЕФА во 2020 година. Македонија лани успешно го организираше фантастичниот дуел на шампионот од Лигата на шампионите, Реал Мадрид и шампионот од Лигата на Европа, Манчестер јунајтед.

Тирана (Албанија), Минск (Белорусија), Хелсинки (Финска), Ница (Франција), Хаифа (Израел), Алмати (Казахстан), Кишинев (Молдавија), Белфаст (Северна Ирска) и Порто (Португалија) појавиле интерес кај УЕФА за организација. Организаторот ќе биде објавен по состанокот на извршниот комитет на УЕФА во мај.

Оваа година натпреварот ќе се игра во Талин, Естонија, додека турскиот мегалополис Истанбул ќе биде домаќин во 2019 година.

Scroll to Top