Top Sport

Еден гол негатива по првото полувреме со Црна Гора

Македонија ќе мора да се потруди за да стигне до втората победа на ЕП во Хрватска, откако по првото полувреме против Црна Гора имаме негатива од 15:16.

Почнавме одлично откако поведовме со 4:2, но потоа Црногорците се вратија со серија од 4:0 за да го преземат водството. Дуелот остана израмнет и понатаму, а успеавме да се вратиме до еден гол негатива (10:11), по што на крајот Црногорците имаат предност од 16:15.

По ремито меѓу Словенија и Германија, на Македонија можеби не и е целосно потребна победа, но со добро второ полувреме можеме да се искачиме на првото место во групата Ц пред Германија.

Scroll to Top