Top Sport

Деветмина на трансфер-листата во Арсенал

Микел Артета во саботата го освои првиот трофеј како самостоен тренер. Арсенал во финалето на ФА купот го победи Челси со 2:1. Два дена по триумфот Артета ја составил трансфер-листата на која се наоѓаат двет играчи. Тие од наредната сезона нема да бидат играчи на Арсенал.

Артета мора да продава за да собере пари за квалитетни засилувања. Јасно му е дека со ваков тим не може да им парира на најдобрите англиски екипи.

„Дејли Мејл“ ја објави листата на која се наоѓа и Александар Лаказет. Францускиот репрезентативец ќе биде продаден во случај капитенот Обамејанг да реши да го напушти клубот.

Според оваа листат Артета ја продава комплетната дефанзивна линија: Холдинг, Мустафи, Сократис, Колашинац и Белерин. На списокот се и Тореира, Гендузи, односно Мхитаријан чии договор ќе го откупи Рома.

Најголем проблем за Артета е статусот на Месут Езил. Поранешниот германски репрезентативец не се наоѓа во неговите планови, но тоја нема намера да замине поради богатиот договор што го потпиша уште во времето на Арсен Венгер. Езил има годишна плата од 20 милиони евра, тој со месеци не игра за првиот тим, а во саботата додека неговите соиграчи се бореа за пехарот во ФА купот тој беше на одмор во Турција.

Scroll to Top