Филин Репстроф, девојката на данската фудбалска ѕвезда Никлас Бендтнер го нарече поранешниот напаѓач на Арсенал „човек без мозок“ и „апсолутно луд“ откако Лордот планира да си купи Ролс-Ројс од 350.000 евра додека е невработен.
Бендтнер, кој е без клуб откако неговиот матичен клуб Копенхаген го отпушти во декември, неодамна бил во Германија за да преговара за купување на Ролс-Ројс Беџ Рајт автомобил. Но, на реалното шоу на данската телевизија, се прикажа неверојатната расправија меѓу Лордот и неговата девојка.
„Филин мисли дека мојата зделка ме прави човек без мозок. Можам да ја сфатам, бидејќи се работи за голема сума за кола. Но, тие се мои пари, ги заработив и можам да ги потрошам на што сакам“, вели Бендтнер.
Репстроф, која е манекенка, не ги штедеше зборовите.
„Тој мора да сфати дека во моментов е невработен, а сака да има супер-мега отмен автомобил кој никој не го поседува во Данска. Го сака тоа само бидејќи сака да биде посебен. Се предадов. Тој нема осет за реалноста. Тоа е лудо. Мисли дека ако сака нешто, мора да го има“, вели Репстроф.
Подоцна, Бендтнер се откажал од купувањето, но не поради убедувањата од девојката.
„Се работи за нестабилен пазар и не успеав да продадам дел од работите кои ги сакав. Да се вложат толку пари во кола сега е несигурно“, објаснува Бендтнер.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram