Top Sport

Девојката и ќерката на Нејмар на мета на киднапери

Вооружени лица се обиделе да ја киднапираат новородената ќерка на Нејмар во Сао Паоло.

Во исто време за време на кражбата биле врзани родителите на неговата девојка Бруна Бјанкарди.

Осомничените киднапери, од кои двајца биле вооружени, ги барале Брунa и нејзината ќерка, но тие не биле дома, а не бил ниту Нејмар.

Брачниот пар Бјанкарди бил врзан во нивната куќа, но според медиумите тие не биле повредени.

На снимката од надзорните камери се гледаат тројца мажи како пристигнуваат во куќата со автомобил.

Еден осомничен е уапсен и тој е маж кој живее во близина на куќата на Бјанкарди.

Другите двајца побегнале, ограбувајќи ги и луксузните чанти, часовници и накит.

„Тажен ден, добив две лоши вести. Првата е нападот што го доживеаја родителите на Бруна, но фала богу се беше во ред. Второ, дознав за смртта на една другарка, Господ да ја пречека Луана со раширени раце. Мое сочувство до нејзиното семејство“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Scroll to Top