Top Sport

Девојката и родителите му помогнаа на Де Хеа да заборави на „киксот“

Давид де Хеа уживаше во пред-божиќна вечера со своето семејство и со девојката Едурне Гарсија пред бурниот празничен период во Премиер лигата, во кој тој ќе се обиде да не направи слична грешка како на дуелот со Вотфорд.

Во неделата, Шпанецот прими навистина смешен гол од Исмаила Сар, за Јунајтед да загубат со 2:0 од последнопласираниот тим во лигата. Сега, го очекува дуел со Њукасл во четврток, два дена подоцна гостуваат кај Барнли. Неговите соиграчи го бранеа својот голман – на пример Лук Шо изјави дека „Давид не спаси толку многу пати, така што не може ова да е негова вина“.

Де Хеа е заедно со својата девојка, поп-пејачката Гарсија од 2015 година, а таа оваа година се пресели во Манчестер додека тој го продолжи договорот со клубот.

Scroll to Top