Франческа Фиорети, девојката на покојниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори вели дека уште не може да се помири со тоа што тој „заминал на таков начин“ во емотивно интервју за „Кориере дела сера“.
31-годишниот Астори беше пронајден мртов во хотелската соба на 4 март 2018 пред мечот на Фиорентина против Удинезе тој ден, а аутопсијата утврди дека тој починал од срцев напад во сон. Фиорети во емотивно интервју ги објаснува работите.
„Имавме прекрасни денови заедно и уште не можам да поверувам дека замина на таков начин. Не се работеше за несреќа, туку за болест. Каков лош крај на нашата приказна, на нашите заеднички соништа и желби. Во една од кутиите уште ја чувам касичката во која не стававме пари туку ливчиња на кои ги пишуваше нашите желби и сеќавања. Уште не сум ја отворила, можеби нашата ќеркичка Виторија ќе избере кога ќе го направи тоа“, вели Фиорети.
Таа исто открива што се случувало денот по смртта на Астори.
„На 5 март ја однесов ќерката во училиште и отидов кај психологот. Моравме да сфатиме дека тој нема да се врати и дека ќе остане само во нашите срца. Сега морам да бидам силна за Викторија и да не бидам проголтана од празнината“, додава Фиорети.