Top Sport

Девојката на Де Јонг ги истрола навивачите на Манчестер јунајтед

Мики Киеменеј, девојката на ѕвездата на Барселона, Френки де Јонг, фантастично ги истрола навивачите на Манчестер јунајтед, кои преку Инстаграм ја прашаа кога холандскиот играч на врска, конечно, ќе пристигне на „Олд Трафорд“.

„Ѓаволите“ и нивниот нов менаџер Ерик Тен Хаг, го имаа Де Јонг како главна цел во летниот преоден рок, но тој ги одби нивните понуди и реши да остане играч на Барселона. Сепак, шпекулациите околу 25-годишниот Де Јонг не престанаа, и кога еден напорен навивач ја праша Мики кога тој ќе дојде на „Олд Трафорд“, таа му го посочи 23 февруари, кога се игра вториот меч помеѓу Барселона и Манчстер јунајтед во Лига Европа.

„На 23.2, изгледа“, беше краткиот одговор на Мики.

Scroll to Top