По вестите дека Баер Леверкузен подготвува понуда од 15 милиони евра за поранешниот капитен на Арсенал, Гранит Џака, британските медиуми најавуваат ова е само почеток на „безмилосното“ лето во кое Микел Артета ќе направи „чистка“ во клубот.
Според „Експрес спорт“, заминувањата на Џака е речиси сигурно, иако тој има 35 настапи во 36 премиерлигашки мечеви оваа сезона, а Арсенал сакаат да ги задржат добрите односи со Баер, бидејќи подготвуваат понуда за крилото Муса Дијаби, Французинот кој има 14 гола и 11 асистенции за тимот на Чаби Алонсо. Покрај тоа, местото испразнето од Џака би се пополнило и со ѕвездата на Вест хем, Деклан Рајс.
Покрај Џака, Арсенал се подготвува за продажба на Фоларин Балоган, иако тој има 20 гола во Ремс, каде што игра на позајмица, но и Рајс Нелсон, Емил Смит-Роу, Киеран Тирни, Алберт Самби Локонга, Нуно Тавареш, Роб Холдинг и Ејнсли Мејтланд-Најлс.