Top Sport

Џака откри зошто си заминал од Лондон

Новиот фудбалер на БаерЛеверкузен, откри зошто се решил да го напушти Арсенал. Швајцарскиот репрезентативец седум сезони го носеше дресот на клубот од северен Лондон.

„Имаше гласини дека мојата сопруга не е среќна во Англија. Тоа воопшто не е точно. Факт е дека јас сум човек кој сака предизвици. По седум години, време е за нешто сосема ново. По разговорот со тренерот на Баер и спортскиот директор, заклучив дека клубот од Леверкузен е вистинскиот проект за мене“, изјави Џака.

Швајцарскиот репрезентативец за Арсенал одигра 297 натпревари и постигна 23 гола.

Scroll to Top