Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака се враќа во Премиер лигата, поточно во Сандерленд.
Ова го објави речиси непогрешливиот фубалски инсајдер Фабрицио Романо.
Романо изјави дека Сандерленд, клубот кој се врати во Премиер лигата минатата сезона, постигнал договор со Леверкузен за трансфер вреден 20 милиони евра.
Џака ќе потпише договор до летото 2027 година.
32-годишниот играч од средниот ред на тој начин ќе се врати во Премиер лигата, каде што претходно играше за Арсенал од 2016 до 2023 година.