Top Sport

Џеко се договорил со Фенербахче

Турските медиуми објавуваат дека Един Џеко веќе се договорил со Фенербахче, потврдувајќи го нговото заминување од Интер. 37-годишниот ветеран пристигна на „Сан Сиро“ од Рома за 2.8 милиони евра во 2021 и стана клучен играч во тимот на Симоне Инзаги со 31 гол во 101 настапи за „нераѕурите“.

Според „Хуријет“, агентот на Џеко, Алесандро Лучи последните неколку дена е во Истанбул и дека се финализираат последните детали за двегодишниот договор.

Џеко е на одмор со неговото семејство во Мармарис, Турција, и чека конечен договор за да замине за Истанбул.

Scroll to Top