Top Sport

Џексон во Баерн Минхен

Николас Џексон, во финишот на преодниот рок го напушти Челзи. Сенегалецот кариерата ќе ја продолжи во Минхен, дресот на Баерн ќе го носи барем една сезона.

Баерн го позајми Џексон од Челзи, заемот ќе го плати со големи 15 милиони евра.
Баварците имаат опција да го откупат по завршувањето на сезоната за нереални 80 милиони евра.

Сенегалецот не играше добро минатата сезона за Челзи и покрај тоа што редовно беше прва опција во нападот. Јасно беше дека ќе замине кога во клубот пристигнаа Делап и Педро. Во Баерн ќе му биде резерва на Хари Кејн кој е недопирлив во нападот на Баерн.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top