Top Sport

Џенова без Пандев славеше на Сардинија

Џенова стигна до својата прва победа во италијанскиот шампионат во осмото коло, откако на „жешкото“ гостување на Сардинија ги совлада Каљари со 3:2.

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев не беше во составот на тимот од Џенова, по репрезенативните настапи со Италија и Лихтенштајн.  Галабинов и Тарабт постигнаа голови во првото полувреме за водство на гостите од 0:2, по што Паволети во 48. минута го направи второто полувреме интересно со намалување за Каљари. Меѓутоа, Ригони во 75. минута го реши победникот на мечот, по што Жоао Педро во 78. минута го постави конечниот резултат со гол од пенал.

Сампдорија продолжи со добрите игри со 3:1 победанад Аталанта, додека Торино успеа да освои само поен на гостувањето во Кротоне по ремито 2:2.

СЕРИЈА А, 8.КОЛО

Фиорентина – Удинезе 2:1

Болоња – СПАЛ 2:1

Каљари – Џенова 2:3

Кротоне – Торино 2:2

Сампдорија – Аталанта 3:1

Сасуоло – Киево 0:0

ТАБЕЛА: 1.Наполи 24, 2.Интер 19, 3.Јувентус 19, 4.Лацио 19, 5.Рома 15, 6.Сампдорија 14, 7.Болоња 14, 8.Торино 13, 9.Милан 12, 10.Киево 12, 11.Фиорентина 10, 12.Аталанта 9, 13.Удинезе 6, 14.Каљари 6, 15.Кротоне 6, 16.Џенова 5, 17.СПАЛ 5, 18.Сасуоло 5, 19.Верона 3, 20.Беневенто 0

Scroll to Top