Top Sport

Вецлар верува во Филип Миркуловски

Германскиот ракометен гигант ХСГ Вецлар реши да ја продолжи соработката со поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски до 30 јуни 2019 година. 34-годишниот Миркуловски стигна во Вецлар од Хановер во јули 2015 година и ќе игра и четврта сезона во тимот.

„Филип е вистински лидер, пример за другите и човек со одличен карактер. Тој има фантастична репутација меѓу своите колеги и со неговото искуство носи важна лидерска улога во тимот. Среќен сум што тој ќе го носи нашиот зелено-бел дрес уште една сезона“, изјави тренерот на Вецлар, Каи Вандшнајдер.

Миркуловски вели дека одлуката не била тешка.

„Моето семејство и јас добро сме примени во Вецлар, а нашиот тим е вистинска заедница и голем колектив, што е главна улога за добрите резултати. Фановите се фантастични и секогаш е прекрасно да се игра во арената ’Ритал’. Забавно е да се биде дел од ХСГ Вецлар“, изјави Миркуловски.

Scroll to Top