Top Sport

Џенова го врати Малиновски во Италија

Џенова го потврди враќањето на Руслан Малиновски во Италија, откако украинскиот репрезентативец се враќа во Серија А како позајмен играч од Олимпик Марсеј.

Малиновски само пред осум месеци направи трансфер од Аталанта во Франција, но сега се враќа на калчото на позајмица со опција да остане на „Мараси“ за 10 милиони евра.

30-годишниот Украинец има 115 меча во Серија А и 23 гола и 24 асистенции.

Scroll to Top