Top Sport

Не е само Пакета – и Луиз Енрике е под истрага за обложување

Тренерот на Реал Бетис, Мануел Пелегрини потврди дека Бразилецот Луиз Енрике нема да биде дел од неговиот тим за дербито со Атлетико Мадрид, по шпекулациите дека и тој е под истрага за нелегални обложувања како неговиот сонародник од Вест хем, Лукас Пакета.

Пакета беше изземен од составот на бразилската репрезентација за мечевите во септември, и му „пропадна“ најавениот трансфер во Манчестер сити, по истрагата на ФИФА за обложување во Бразил на тоа дали тој ќе добиел жолт картон на одредени мечеви од Премиерлигата.

Пелегрини не потврди дека постои истрага, но претходно од Бетис не најавуваа дека Бразилецот е повреден.

Scroll to Top