Top Sport

Џерард се враќа на местото на успехот

Англискиот стручњак Стивен Џерард е главен кандидат за клупата на шкотски Ренџерс, на која седеше од 2018 до 2021 година, објави „Дејли мејл“.

Како што пишува лондонскиот весник, челниците на Ренџерс сакаат да го вратат 44-годишниот Џерард, кој во својот прв мандат им ја донесе титулата во Шкотска во сезоната 2020/21.

Веднаш по освојувањето на таа титула, Џерард се пресели на клупата на Астон Вила, но не се снајде добро во клубот од Бирмингем. Слично беше и во Ал Етифак од Саудиска Арабија, каде што Џерард работеше од летото 2023 година до јануари оваа година.

Во текстот на „Мејл“ се истакнува дека по заминувањето на привремениот менаџер Бери Фергусон, клубот сака поискусен стручњак, и дека тоа одлучило Давиде Анчелоти, синот на Карло, тренерот на Реал, да се откаже од трката.

На крајот, се заклучува дека Џерард би можел да биде назначен за нов-стар менаџер на клубот до крајот на мај или почетокот на јуни.

Scroll to Top