Top Sport

(Видео) Џирона на украински погон победи во Памплона

Foto/ EPA

Фудбалерите на Џирона, со пресврт, во вториот дел победија во Памплона, против Осасуна (2:4) и се искачија на челната позиција во Примера.

Џирона на украински погон ја победи Осасуна, која со головите на Будимир имаше предност 2:1 во 55.минута.

Довбик во 71. и Циганков во 80.минута го направија пресвртот, а победата ја запечати Гарсија во 90.минута.

Џирона по 12.кола води на табелата со 31 бод, три повеќе од Реал кој утре ќе го пречека Рајо Ваљекано. Осасуна се наоѓа на 11.место со 13 поени.

Scroll to Top