Top Sport

Џонатан Виера ја заврши кариерата поради болеста на сопруга

Капитенот на Лас Палмас Џонатан Виера (34) одлучи да стави крај на фудбалската кариера. Својата одлука ја објави на социјалните мрежи.

Виера без објаснување го пропушти последниот натпревар против Рајо Ваљекано, а сега самиот ги соопшти деталите. Ја прекина кариерата поради болеста на сопругата.

Сопругата на Џонатан, Естефанија има тумор на матката и Виера одлучи да биде со неа.

„Секогаш вака со насмевка. Тоа беше нашето најдобро оружје. Те сакам“, напиша тој под фотографијата на која е со сопругата.

Виеира, кој забележа еден настап за шпанската репрезентација, кариерата ја започна во Лас Палмас. Подоцна играше за Валенсија, Рајо, Стандард Лиеж и Пекинг Гуан, од каде пред две години се врати во Лас Палмас.

Scroll to Top