Џонџо Шелви, поранешен репрезентативец на Англија, некогаш голема надеж на Ливерпул, ќе остане во Турција.
Шелви има 32 години, минатата сезона играше во Ризеспорт како позајмен од Нотингем Форест, а сега си најде нов ангажман во турската Суперлига.
Тој оваа сезона ќе го носи дресот на новиот прволигаш Ејупспор.
Интересно е што на клупата на овој клуб седи Арда Туран, некогаш голема ѕвезда на европскиот фудбал, играч на Атлетико Мадрид и Барселона.