Top Sport

Џони Еванс по осум години се врати во Манчестер јунајтед

По повеќе недели шпекулации, 35-годишниот Џони Еванс, конечно, се договори со Манчестер јунајтед за едногодишен договор, враќајќи се на „Олд Трафорд“ по осум години пауза.

Дефанзивецот од Северна Ирска, во јуни се врати на тренинзи со тимот на Ерик Тен Хаг по крајот на договорот со Лестер во јуни и играше во пред-сезонските мечеви и го убеди Холанѓанецот да го задржи во тимот. Еванс претходно играше за „ѓаволите“ од 2004 до 2015, освојувајќи три титули од Премиерлигата и една од Лигата на шампиони, пред да замине во Вест Бромвич албион.

„Пресреќен сум што се враќам во Манчестер јунајтед, место каде што секогаш сум се чувствувал како дома. Клубот и фановите помогнаа да се формирам како играч и како човек. Тука сум од мојата 15-та година и сега се враќам каде што бев“, вели Еванс.

Scroll to Top