Top Sport

Џордан Хендерсон се сели кај Стивен Џерард и Дарко Велковски во Саудиска Арабија

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, ги договорил личните услови со Ал Етифак и подготвен е да се пресели во Саудиска Арабија. Тој ја прифати понудата на Стивен Џерард кој го презеде кормилото на Ал Етифак и наскоро треба да стане нов соиграч на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

Ал Етифак и Ливерпул ќе треба да се договорат за обештетувањето што ќе го добие англискиот клуб.

Како што откриваат медиумите на Островот, Џордан Хендерсон во Саудиска Арабија ќе заработува 40 милиони евра по сезона.

Scroll to Top