Фудбалерот на Наполи, Џовани Симеоне за италијанските медиуми го спореди тренерот Антонио Конте со неговиот татко, тренер на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне..
„Тренерот е 100% посветен на Наполи, полн со концентрација. Тој навистина ме потсетува на мојот татко Диего. Во главата ја има страста кон фудбалот. Тој гледа сè, тој чувствува, а тоа доаѓа од неговото искуство и гледање натпревари о часови. Така знаете кога да напаѓате, кога да се браните, тоа се квалитети на големите тренери“, изјави младиот Симеоне.
Синот на славниот Чоло проговори и за конкуренцијата во нападот, не му пречи што предност има Ромелу Лукаку.
„Импресиониран сум од Лукаку како личност. Тој е многу интелигентен и одличен соиграч, им помага на другите. Тоа го става во позиција на лидер, покрај тоа што е одличен играч”, изјави Симеоне.
Наполи моментално е на првото место на табелата во Серија А со 16 освоени бодови од седум натпревари.