Top Sport

Ди Бјаџо в.д. селектор на Италија

Според најавите Фудбалскиот сојуз на Италија за привремен селектор на националниот тим го назначи Луиџи ди Бјаџо (46).

Актуелниот селектор на У-21 репрезентацијата ќе ја предводи Италија на пријателскте натпревари против Аргентина и Англија на 23. односно 27.март.

Италија нема селектор од ноември минатата година кога поради неуспехот во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, едногласно беше сменет Џанпјеро Вентура.

Ди Бјаџо е поранешен играч на Лацио, Рома и Интер, а дресот на националниот тим го носел на 32 натпревари. Кариерата ја завршил во 2007 година, а една година подоцна започна да работи како тренер.

Селектор на У-21 репрезентацијата е од 2013 година.

Според шпекулациите Италија треба да добие нов селектор по завршувањето на сезоната, а во трка за функцијата се четири врвни тренерски имиња: Антонио Конте, Клаудио Раниери, Карло Анчелоти и Роберто Манчини.

Scroll to Top