Top Sport

Надал: Нема да правам глупости само за да останам на првото место

Шпанецот Рафаел Надал изјавил дека фокусот му е на престојниот дел од сезоната на земјена подлога, бидејќи сака уште еднаш да покаже дека е најдобриот во историјата на оваа подлога.

Светскиот број 1 се повреди за време на четвртфиналниот меч со Марин Чилиќ на Австралија опен, меѓутоа повредата нема да влијае врз распоредот кој го направил со неговиот тим. Надал ќе игра на турнирот во Акапулко које на програмата е на крајот од месецот.

„Морам да го имам во предвид сето она што ми се случува. Мојот живот е многу повеќе од самото натпреварување на највисоко ниво. Нема да направам ништо лудо само за да останам на пр ото место. Здравјето е приоритет“, рекол Надал и дополнил.

„Во овој момент размислувам за рехабилитацијата, сакам да бидам здрав за сезоната на земјана подлога, за турнирите од Монте Карло до Ролан Гарос. Примарна цел е да бидам среќен. Планот за сезоната на земјана подлога е направен и моја желба е да потврдам дека сум најдобриот во историјата на оваа подлога.“

По турнирот во Акапулко Надал ќе настапи во Индијан Велс и Мајами.

Scroll to Top