Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо, по вчерашниот шокантен пораз од СПАЛ 0:2, се наоѓа пред отказ, објавија италијанските медиуми.
Позициите на тренерот на Рома се сериозно разнишани, откако по лошиот старт на сезона, успеа да го врати мирот во екипата по серијата од три победи. Според медиумите во Италија, по најновиот пораз тој нема да се спаси од отказ.
Наводно првиот човек на „волчицата“, Џејмс Палота, бил многу лут на својот тренер.
Наводно тој го предупредил дека повеќе нема право на грешка и дека мора да ги добие наредните четири натпревари, во кои Рома има тешки противници, Наполи и Фиорентина во Серија А и два натпревари со ЦСКА во Лигата на шампионите.