Top Sport

Ди Франческо: Рома не е досадна, резултатите лажат

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо вели дека неговиот тим не е толку досаден колку што покажуваат нивните резултати.

Пред дуелот од ЛШ со Челси во вторник, Рома стигна до трета последователна 1:0 победа во саботата над Болоња, откако претходно со ист скор ги победија Торино и Кротоне. Првиот дуел со Челси пред две недели заврши 3:3 во одличен меч, но тоа беше исклучок за тимот кој има 17:5 гол-разлика во 10 натпревари оваа сезона и најдобра дефанзива во Серија А.

„Не би кажал дека победуваме грдо, ниту  можеме да кажеме дека дуелот против Кротоне беше таков. Кога креирате многу шанси и победувате со 1:0, резултатот не кажува сè. Направивме премногу грешки во нападот и пропуштивме доста шанси“, вели Ди Франческо.

Ди Франческо својата кариера ја изгради со петгодишниот престој кај Сасуоло, со кои влезе во Серија А и го направи најмалиот град во Италија кој има прволигаш.  Во јануари 2014 тој беше отпуштен, но следниот месец беше вратен на позицијата. Во јуни тој стана осмиот тренер на Рома во последните девет сезони заменувајќи го Лучано Спалети, кој ги донесе Рома до второто место во лигата.

Минималец на Рома против Болоња

Scroll to Top