Top Sport

Ди Франческо веќе добил понуда за работа

Поранешниот тренер на Рома, Еузебио Ди Франческо, нема долго да биде без работа. Италијанските медиуми пишуваат дека тој ќе биде новиот тренер на Фиорентина.

Актуелниот тренер Стефано Пиоли има договор со „виолетовите“ до 30 јуни 2019 година, а според медиумите клубот нема да му понуди нов.

Прв кандидат за позицијата на која се наоѓа Пиоли е Ди Франческо, кој до минатата недела ја водеше Рома.

Покрај со Ди Франческо како можен нов тренер на Фиорентина, италијанските новинари шпекулираат и со имињата на сегашните тренери на Сампдорија, Каљари и Сасуоло, Марко Џанпаоло, Роландо Маран и Роберто Де Ѕерби.

Ди Франческо во кариерата покрај во Рома работел и во Пескара, Лече и Сасуоло.

Scroll to Top