Top Sport

Ди Канио брутален: Интер и Челси се посилни без Лукаку

Италијанската фудбалска легенда Паоло Ди Канио влезе во остар напад на Ромелу Лукаку, нарекувајќи го „арогантен и слаб“ по контроверзното италијанско интервју, велејќи дека Интер ќе ја освоија титулата и без него, а Челси играат многу подобри кога тој не е во составот.

Ова не е првпат Ди Канио да го нападне Лукаку, откако моментот кога пристигна во Интер изјави дека тој не е фудбалер за големи натпревари и дека има „многу малку фудбалска техника“. Сега по интервјуто во кое се жалеше на менаџерот Томас Тухел и најави дека сака да се врати во Интер неколку месеци по трансферот, Ди Канио начека вистински момент.

„Тоа интервју покажа слабост на спортист кој по шест месеци се предава, можеби бидејќи пристигна таму со ароганција на некој кој не сфаќа на кое вистинско ниво е. Во Италија го освои скудетото, но само како партнер на другите соиграчи, но не е Лео Меси. Интер ќе победеа и без него, ако го имаа на пример Дуван Запата или таков напаѓач. Потоа отиде кај европските шампиони, во Премиерлигата против клубови како Манчестер сити и Ливерпул, каде што е само едно од големите имиња. Ако пристигнеш во Челси и мислиш дека веднаш ќе си број 1, бргу ќе те освестат. Челси играше многу подобро без Лукаку. Тој е кршлив играч, иако сака да се прави дека е многу силен“, вели Ди Канио.

Scroll to Top