Top Sport

Нов пораз на „Гудисон парк“, ќе опстане ли Бенитез на клупата на Евертон?

Премиерлигата повторно ни приреди три возбудливи мечеви од 21. коло во новогодишна атмосфера, во кое Брентфорд и Лидс се намачија за домашни победи, додека Евертон во драматичен меч загуби дома од Брајтон со 2:3 за уште поголем притисок на менаџерот Рафаел Бенитез и на управата на клубот.

Алексис Мекалистер ги шокираше Евертон уште во третата минута од мечот, пред во 21. минута Ден Брн да зголеми на 0:2 за очај на „Гудисон парк“. Само четири минути подоцна беше досуден пенал за Евертон, но повратникот во тимот, Доминик Калверт-Луин имаше очаен обид и ја упати топката високо над голот.

Младиот Ентони Гордон успеа да врати еден гол и неизвесност во 53. минута, но во 71. минута Мекалистер со својот втор гол ја врати предноста од два гола на Брајтон. Гордон повторно стрелаше само две минути подоцна, но не дојде до целосен пресврт. Евертон се само на 15. место со 18 поени, седум над зоната за испаѓање.

Брентфорд пак, со 2:1 камбек победа над Астон вила го смени тимот на Стивен Џерард на 12. место на табелата. Дени Ингс постигна убав гол за водство на Вила во 16. минута, но новиот премиерлигаш прво израмни преку Јоане Виса, пред Данецот Мадс Реслев Расмусен со малку среќа да обезбеди три поени во 83. минута.

ПРЕМИЕРЛИГА, 21.КОЛО

Евертон – Брајтон 2:3

Брентфорд – Астон вила 2:1

Лидс – Барнли 3:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top