Top Sport

Ди Канио: Лукаку е функционален, но и досаден фудбалер

Ромелу Лукаку е „функционален и досаден“ фудбалер и иако нема постигнато гол во последните шест меча, неговите Челси успеаваат да бидат на првото место на табелата, вели легендарниот поранешен италијански фудбалер, Паоло ди Канио.

53-годишниот Ди Канио, кој има искуство во Премиерлигата како фудбалер на Вест хем, го коментираше Џузепе Бергоми кој изјави дека Лукаку и напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен се слични играчи.

„Осимен има поинаков дух, не е досаден како Лукаку. Кога се зголеми тежината на натпреварите, тој одговори со тоа што не даде гол во пет меча со Челси. И тоа не по вина на Челси, кои се први на табелата и без неговите голови. Лукаку не дава голови. Тој е функционален играч како Фернандо Љоренте во Јувентус на Антонио Конте, иако е посилен од него. Тој е функционален во одреден тип на натпревари“, коментира Ди Канио.

Scroll to Top