Top Sport

Де Брујне не се сеќава на финалето од ЛШ по повредата на главата

Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне открива дека не се сеќава на поразот во финалето на Лигата на шампионите од Челси, откако го напушти тој натпревар поради скршеница на носот и очната празнина по дуел со Антонио Ридигер.

30-годишниот Белгиец си замина во солзи од теренот и веднаш беше однесен во болница и открива дека се разбудил следното утре уште облечен во дресот. Ова беше само прва во низата повреди за Де Брујне, кој потоа ги повреди лигаментите во скочниот зглоб на ЕУРО 2020

„Не се сеќавам на многу работи, воопшто не знам како стигнав до болницата таа вечер. Знам дека утрото се вратив во тимскиот хотел во 10 часот наутро и уште го носев дресот. Последните шест месеци беа такви, играв, а не тренирав. Имав болки во скочниот зглоб, и добро е што направив подолга пауза. Сега сум посилен“, вели Де Брујне.

Се јави Де Брујне, има скршеница на носот и на очната празнина

Scroll to Top