Top Sport

Ди Лаурентис на „самит“ со незадоволните фудбалери

Претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис вчера имал состанок со своите фудбалери на кој објаснил зошто Алан, Лоренцо Инсиње и Дрис Мертенс добиле повисоки казни од другите, јавува „Ла газета дело спорт“.

Клубот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во последните недели е во хаотична состојба, откако фудбалерите одбија да одат на „ритиро“, казнен тренинг по 1:1 ремито со РБ Салцбург во Лигата на шампионите. Со поддршка на тренерот Карло Анчелоти, фудбалерите се вратија дома, а Де Лаурентис реши да ги казни финансиски од платата, со Алан како најголема „жртва“ со 350.000 евра.

Сега, по импресивното 1:1 реми со Ливерпул на „Енфилд“, Де Лаурентис имал состанок со својот тим и ги објаснил причините за казните. Според „Тутоспорт“, тој се сретнал лично со Алан, Инсиње и Мертенс и им објаснил зошто се казнети – Алан поради несогласувањето со Едо де Лаурентис, синот на претседателот и потпретседател на клубот, а Инсиње бидејќи е капитен, додека Мертенс се сметал за еден од водачите на „бунтот“.

Според „Газета“, фудбалерите веќе побарале легални совети од своите адвокати за да изнајдат решение, но Де Лаурентис исто така најавил дека ќе ги намали или отстрани казните доколку го победат Генк и се квалификуваат во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Scroll to Top