Top Sport

Ди Лоренцо е првото летно засилување за Наполи

Наполи го комплетираа трансферот на десниот бек на Емполи, Џовани ди Лоренцо за 9.5 милиони евра. Ди Лоренцо ги поминал медицинските тестови минатата недела и е првото засилување за тимот на Карло Анчелоти ова лето.

„Пресреќен сум од мојата прва авантура во толку престижен клуб како Наполи. Едвај чекам да ја почнам работата со новите соиграчи“, вели Ди Лоренцо.

Ди Лоренцо е поранешен напаѓач, и постигна 5 гола и имаше 3 асистенции во 38 меча за Емполи во текот на сезоната 2018/19, прва во Серија А. Емполи заврши со идентичен број на поени со Џенова, но завршија во втората лига поради послабиот директен скор со Грифоне.

Scroll to Top