Top Sport

Даниел Џејмс потпиша со Јунајтед, ќе добие 16 пати повисока плата!

Манчестер јунајтед склучиле договор да потпишат со Даниел Џејмс од Свонси, потврдија од премиерлигашот, со што Велшанецот ќе добие дури 16-кратно зголемување на платата.

21-годишниот Џејмс доаѓа во договор од 18 милиони фунти по одличната мината сезона, и ќе се приклучи на „ѓаволите“ по стартот на трансфер рокот следната недела.

„Манчестер јунајтед се презадоволни што можат да објават дека се согласиле со Свонси сити и со Даниел Џејмс за негов трансфер во клубот. Даниел веќе го помина медицинскиот тест во ’Аон тренинг комплексот’ и деталите ќе бидат објавени по стартот на преодниот рок“, се вели во соопштението на Јунајтед.

Според „Дејли мејл“, младиот Џејмс ќе добие договор со неделна плата од 67.000 фунти, огромно зголемување од сегашните 4.000 фунти неделно кои ги добиваше во Свонси. Џејмс дојде во Свонси од Шрузбери таун пред две години, а сега ќе дели соблекувална со првите ѕвезди на Јунајтед.

Џејмс, кој има два настапи за велшката репрезентација, би требало да биде во составот на селекторот Рајан Гигс за квалификациските мечеви за Евро 2020 со Хрватска и Унгарија.

Scroll to Top