Top Sport

Ди Марија експресно го напушта Јувентус

Анхел Ди Марија повтори дека неговиот сон е да се врати во својот Росарио.

Аргентинецот летово пристигна во Јувентус како слободен играч, потпиша едногодишен договор, но како што сега стојат работите, можно е во јануари да ги напушти црно-белите.

Елиминацијата од Лигата на шампионите може да му биде мотив повеќе да го напушти Јувентус, а уште сега е јасно дека „старата дама“ нема да се бори ниту за титулата во Серија А.

„Мојот најголем сон е да се вратам во Росарио Централ. Сонувам за тоа веќе некое време, што нема да биде лесно, но би сакал да се случи. Фудбалерите во Аргентина сонуваат за кариери во Европа, а мојот сон е да се вратам во Росарио“, изјави Ди Марија.

Новинарот Нико Скира со овој цитат на Ди Марија тврди дека не е невозможно Аргентинецот да си замине од Јувентус во зимскиот преоден рок.

На 14. февруари ќе наполни 35 години, јасно е дека се ближи крајот на неговата кариера, поради што тој не ја крие желбата да се пензионира во клубот каде што започна.

Scroll to Top