Анхел Ди Марија влезе во историјата на ПСЖ. „Светците“ со победата од 2:0 во дуелот со Монако, го освоија 14.трофеј во Купот на Франција, а Ди Марија се обезбеди статус на клупска легенда.
Аргентинскиот фудбалер во 81.минута му асистираше на Мбапе, кој го постави конечниот резултат. За Ди Марија тоа беше 104 асистенција во дресот на ПСЖ, со која на вечната листа го престигна легендарниот југословенски и босански фудбалер, Сафет Сушиќ.
Сафет Сушиќ во периодот од 1982 до 1991 година, одиграч 344 натпревар, постигнал 85 голови и забележал 103 асистенции.
Ди Марија го носи дресот на ПСЖ од 2015 година, досега одиграл 261 натпревар, постигнал 87 голови и запишал 104 асистеции.