Top Sport

Ди Марија ќе остане во Бенфика

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија и следната сезона ќе остане во тимот на Бенфика. Во последните денови многу се шпекулираше каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата, но на крајот тој реши да остане во Лисабон.

Се очекуваше Ди Марија да се врати во татковината и таму да ја заврши кариерата, но тој сепак реши да остане уште една година во клубот каде што постигна големи успеси.

Ди Марија беше член на европските великани Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус, но никаде не се чувствува толку добро како во Лисабон.

Од друга страна, Ди Марија кариерата во националниот тим ќе ја заврши по финалето на Копа Америка каде ќе го игра финалето против репрезентацијата на Колумбија.

Scroll to Top