Top Sport

Ди Марија контра Мбапе: Тој треба да сфати дека не е единствениот што сака да игра

Атмосферата во Пари Сен-Жермен очигледно полека се „вжештува“, откако Анхел ди Марија му советуваше на Килијан Мбапе да се смири по неговата лута реакција на замената на мечот со Монпелје, велејќи дека и другите фудбалери сакаат да добијат место во тимот.

Мбапе се расправаше со тренерот Томас Тухел кога беше заменет во 68. минута од на натпреварот за да влезе Мауро Икарди при 5:0 победата, по што денеска германскиот тренер изјави дека нема проблеми во тимот и дека Мбапе не размислува за трансфер.

Сега, во дискусијата се вклучи и Аргентинецот Ди Марија, кој ги одигра сите 90 минути, кој му порача дека го знае чувството кога му се игра цел меч.

„Знам дека е тешко, никој не сака да биде на клупата, сите сакаат да играат и тоа е нормално. Килијан сака да дава голови, но кога менаџерот ќе реши дека треба да излезе, тој треба да знае дека на клупата има момци кои сакаат да играат и да покажат што умеат. Мора да го сфати тоа“, вели Ди Марија за „Канал плус“.

Од друга страна, тој го пофали Единсон Кавани, кој влезе во игра за прв настап по пет меча по шпекулациите за трансфер во Атлетико Мадрид.

„Кавани е 100 отсто со нас. Од почетокто на сезоната се случија толку работи, но тој излезе и играше за нас“, вели Ди Марија.

Scroll to Top